По денешната информација дека потпреседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19, се огласија и од телевизијата 24, каде неодамна беше на телевизиска дебата.
“По денешната објава на пратеникот Мухамед Зекири дека е заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека Зекири во четвртокот беше гостин во Отвореното студио, на дебата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Дебатата ја водеше колешката Душица Мрѓа.
Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.
Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик.
Колешката Мрѓа е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.
На Зекири и неговото семејство му посакуваме брзо оздравување.
Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија“, велат од телевизијата“, велат од телевизијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанушев кој гостуваше во емисија со Зекири се тестирал: Засега сум добар, чекам резултати
Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот
Фото: Фејсбук/Мрѓа