еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Ново покачување на платите во „КАМ маркет“

И во услови на инфлација и влошени економски услови, „КАМ“ останува доследен на сопствената политика за грижа и развој на човечкиот капитал и континуирано зголемување на платите на вработените, информираат од таму.

„КАМ“ ги зголеми платите на своите вработени и со февруарската плата реализираше ново покачување во најголемите сектори во компанијата, продажба и логистика, со што во последните 12 месеци зголемувањето достигна 20% во секторот продажба, додека во секторот логистика овој процент достигнува до 25%.

Во изминатите 12 месеци просечната исплатена нето-плата во „КАМ“ за сите вработени е зголемена за 18,5%.

Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси на „КАМ“ има и проектот за поддршка на дуалното средно образование. Во изминатиот период компанијата склучи договори за соработка со осум средни училишта, од кои педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси во „КАМ“, велат од таму.

„Живееме во комплексни времиња, но остануваме доследни на редовно имплементирање на сопствените програми за грижа и развој на човечкиот капитал и грижа за нашите вработени. Зголемувањето на платите е само една од ставките предвидени во нашата програма.

Листата на бенефиции за вработените, која вклучува исплата на регрес од 33.000 денари, слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Божиќ, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“, постојано ја дополнуваме затоа што веруваме дека една од најважните алки во синџирот за успех на една компанија се токму вработените.

Во 2023 година „КАМ маркет“ им овозможи и нови дополнителни бенефиции на лојалните вработени. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и грижата за вработените,“ велат од „КАМ“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски на Самитот „Македонија 2025“: Младите мора, првата шанса за успех да ја добијат дома

Редакција

(Галерија) Oтворен новиот продажно-сервисен Hyundai центар

Редакција

Од Ковид-19 починати 15 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција