еМагазин
Image default
Да помогнеме

Новогодишна елка на желби во Рамстор Мол: Хуманитарна кампања на Рамстор Мол и Црвен Крст

Традиционално, како и секоја година, 11. пат Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства.

„Новогодишната елка на желби“ е настан кој има за цел да донесе насмевки на лицата кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.

Денеска, дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.

Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица, а верувајте ни, нема поубав подарок за секој од нас од искрена насмевка кај децата.

Акцијата ќе трае од 02.12.2019  до 28.12.2019 година, а на 30.12.2019 дечињата ќе ги добијат своите подароци.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Јули е месец на хуманоста – гответе за подобро утре: Cooking with Branko со уникатен хуманитарен предизвик

Редакција

15-годишната Ива има канцер на коските, потребни се средства за лекување

Редакција

Се бара крвна плазма од крвна група АБ+ од лице со прележан Ковид-19 за дете од Струга

Редакција