Новозарезените во штипскиот регион од коронавирусот се контакти или членови на семејства на текстилни работници од две штипски конфекции, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во Штип денеска има нови 14 позитивни случаи на Ковид 19. Активниот број на случаи во моментов е 182 лица, а денеска официјално се оздравени 16 лица.
Во моментов во изолација и самоизолација има над 400 лица од Штип.
По спроведениот скрининг на вработените во детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ се уште се чекаат резултатите за дваесеттина вработени и тоа од градинката „Астибо“.
МИА/Фото: Општина Штип
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 268: Починаа уште тројца пациенти заразени со корона вирусот
Во болницата во Козле хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на Ковид-19
Нови 163 случаи на Ковид-19, во Скопје 70