еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ОЈО Охрид оформи предмет за регистрацијата на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ 

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид.

Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.

Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, исто така, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“.

Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сакскобурготски дал согласност името на татко му, Борис Трети, да го употреби бугарското здружение во Охрид

Од Централен регистар се огласија за регистрацијата на бугарското здружение Цар Борис III во Охрид

По Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, во Богданци бугарски клуб ќе добие и Цар Фердинанд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението: За еврокомесарот Вархеји проблемот е решен

Редакција

Чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а братучед ми е школуван 20 години надвор од државата, вели Николовски

Редакција

Нови 494 случаи на Ковид-19, во Скопје 231

Редакција