еМагазин
Image default
Македонија

Објавен конкурсот за 50 стипендии за студенти од Балканот со македонско потекло

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за доделување 50 стипендии за студенти странски државјани од Балканот со македонско потекло за студиската 2023/2024 година, кои се од интерес за Македонија, откако Владата, на предлог на МОН, ја донесе одлуката на седница минатиот вторник.

Педесетте стипендии се наменети за студенти со македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција.

-Стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Северна Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид), се наведува во конкурсот на МОН.

На корисникот на стипендија целосно му се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување дозвола за привремен престој на странец заради студирање.

Министерството за образование и наука определува во кој студентски дом ќе се смести кандидатот кој се стекнал со право на стипендија.

Повеќе информации за условите и потребните документи за конкурирање, кандидатите може да добијат во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во државите каде што живеат и таму треба да ги достават пријавите и потребните документи, најдоцна до 31 август 2023 година.

Во конкурсот објавен на веб-страницата на МОН се наведени документите што треба да се поднесат со пријавата.

За детаљно информирање во врска со факултетите и студиските програми, МОН упатува на интернет-страниците на државните универзитети: www.ukim.edu.mkwww.uklo.edu.mk, www.ugd.edu.mk, www.uist.edu.mk, www.unite.edu.mk, www.unt.edu.mk и www.mon.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина

Редакција

Хакирана Фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Редакција

Македонија останува на грчката листа со безбедни трети земји за бегалци и мигранти

Редакција