Од компанијата ЕТЦ Травел реагираат по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат Ветон Груби на улицата „Македонија” во центарот на Скопје купил деловен простор со површина од 127 м2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЕТЦ во моментов изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапивме кон обезбедување на наш сопствен деловен простор кој што би ги исполнил нашите потреби и би ги намалил трошоците.
Согласно тоа, со купопродажен договор и кредит обезбеден од Халкбанка на 11.11.2022, со ставање во целосна хипотека на деловниот простор кој што ќе се исплаќа на месечни рати во рок од 20 години е обезбеден деловен простор за нашите потреби согласно сите законски процедури и на најтранспарентен начин, преку банкарска трансакција помеѓу купувачот и продавачот.
Ги молиме политичките партии, но и медиумите, за коректност кон македонските компании и да не ги користат домашните фирми за дневно политичко препукување.
Сите компании се соочуваат со потешкотии во економската криза и се обидуваат да преживеат, притоа придонесувајќи во буџетот на државата и вработувајќи граѓани на нашата земја, и затоа замолуваме да се избегнат беспотребни политички препукувања на наш грб и на наша штета“, велат од ЕТЦ Травел.
Фото: ЕТЦ Травел/Твитер