еМагазин
Image default
Македонија

Обединета македонска дијаспора побара Рама да се извини за шегата „иднaта западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја осуди, како што велат „таканаречената шега иднината западна Бугарија“ на албанскиот премиер Еди Рама и повикуваат на негово итно извинување до Македонија и македонскиот народ.

„Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

Во време кога односите меѓу Македонија и Бугарија се на историски најниско ниво и Бугарија ирационално го блокира членството на Македонија во ЕУ поради историјата и идентитетот, „шегата“ на Рама е потполна невкусна и не е иронична или саркастична како што тој подоцна објави на Твитер, туку е бесчувствителна и крајно навредлива.

Револтот кај македонското општество е потполно легитимен, а не хистерија како што изјави Рама.
Неискусната реакција на Ковачевски смеејќи се на коментарот, без никаква реакција покажува дека нацијата е лесно манипулативна за да одговара на потребите на нејзините соседи.

Сме сведоци на претходни нечувствително однесување од страна на Рама, се чини дека Рама намерно ја искажува неговата „шега“ и ја исмева својата македонска договорна страна.

Во Албанија, претставниците на бугарското Министерство за надворешни работи имаат слобода да ги заплашат членовите на македонското малцинство и да извршат притисок да се декларираат како Бугари со враќање за државјанство на ЕУ преку Бугарија, без никаква осуда од Албанците и владините претставници.

Рама наведува дека нема проблеми со мешање во внатрешните работи на другите, со оглед на сопствената иницијатива „Тиранска платформа“ од јануари 2017 година.

Ставовите на бугарската политичка елита се дека Македонија не е ништо друго освен западна бугарска територија, дека Македонците не се ништо друго освен западни Бугари и дека македонскиот јазик е бугарски.

Во 2009 година, тогашниот грчки министер за култура, кој подоцна стана премиер Андонис Самарас изјави: „Времето е на наша страна. Верувам дека Скопје нема да опстане како независна држава и дека Грција нема од што да се плаши од создавањето на „Голема Албанија“ и „Голема Бугарија“.

Соседите на Македонија постојано го оспоруваат македонското право на самоопределување. Идеите за „големото“ се живи. „Шегата“ на Рама ја повторува потребата од македонската политичка елита да созрее и стои зад националните ставови,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама се јави со твит, ја иронизирал блокадата на Македонија од стана на Бугарија

Градоначалникот Димитриевски: „Шегата“ на Рама е неприфатлива, должи извинување кон премиерот и македонската јавност

Сарказам за Бугарија и иронија со ЕУ, значела шегата на Рама за “западна Бугарија“

(Видео) Рама на шега го престави Ковачевски на Шолц како “премиер на западна Бугарија„

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 47 години: Од Ковид-19 починале 17 лица, сите со коморбидитети

Редакција

Брачен пар од Македонија се уште е заглавен во Газа, сместени се во болница на Црвената полумесечина

Редакција

Кои министри заминуваат: Димитров нема да биде дел од новата Влада

Редакција