Прилепскиот тренер по џудо, кој беше осомничен за полови дејствија врз четири девојчиња кои ги тренирал, доби обвинение, соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп.
Тренерот, на возраст од 46 години, се товари за кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата.
„Обвинетиот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“, велат од ОЈО Прилеп.
Со поднесувањето на обвинението, Обвинителството бара и продолжување на притворот за обвинетиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во Прилеп: Тренер по џудо обвинет за обљуба на малолетнички
Осомничениот тренер за обљуба на малолетнички не е наш член: Џудо федерација згрозена
Уште една девојка го пријави тренерот по џудо од Прилеп за сексуално вознемирување