еМагазин
Image default
Македонија

Обвинение за скопјанецот кој војуваше како член на ИСИС во Сирија

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена истражна постапка до Основниот кривичен суд достави обвинителен акт против дваесет и четиригодишниот И.Т. од Скопје, за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ и побара да му се продолжи мерката притвор определена од судија на претходна постапка.​

Како што информира ОЈО, обвинетиот е дел од групата опфатена во акцијата „Ќелија 2″ што беше спроведена на седум локации во Скопје и Тетово, на 9 јули 2016 година и притоа беа уапсени четири лица – поранешни припадници на ИСИС, а подоцна беше лишено од слобода уште едно лице.

За останатите три лица меѓу кои и обвинетиот И.Т. беа распишани национални и меѓународни потерници.

-По претходна радикализација во нашата земја, И.Т. како македонски државјанин спротивно на законот заминал во Сирија, каде бил обучуван и учествувал во воените акции на  правоената формација – муџахединска единица наречена „Тахрир Хајат Ал-Шали“ – Tahrir Hayat Al – Shali, која од страна ООН е прогласена за терористичка организација.

По завршената обука која траела околу шест месеци бил распореден во единица задолжена за обезбедување на терен во близина на градот Ибдил и извршувал одредени стражарски активности.

По постигнатото примирје во 2017 година, обвинетиот во јули 2019 година од Сирија илегално влегол во Турција и одреден временски период престојувал во Анкара и Истанбул.

Со оглед дека со него имал патна исправа со истечен рок на важење не можел легално да се врати дома, па стапил во контакт со неговите родители.

Согласно договорот, тој илегално ја преминал турско – грчката граница и во Грција се сретнал со неговите родители, кои му ја донеле патната исправа на неговиот брат со која ја поминал границата и истиот ден преку ГП Долно Блаце ја напуштил државата заминувајќи на Косово.

Кога се вратил во РС Македонија врз основа на претходно издадена наредба за издавање на национална и меѓународна потерница од 2017 година, обвинетиот И.Т. на 06.10.2020 година беше спроведен во КПУ Затвор Скопје – Скопје, соопшти ОЈО.

Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, како и меѓународниот карактер на истото, а воедно и фактот дека обвинетиот долго време бил недостапен на органите на прогонот, се вели во соопштението, обвинителството со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судија на претходна постапка.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Изгоре единственото противпожарно возило во Пехчево, каде што беснее пожар

Редакција

Касами е стабилна личност и не очекувам големи пресврти во БЕСА за комплетно да се приклучи кон опозициското мнозинство, вели Трајанов

Редакција

Продолжен рокот за аплицирање за конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата

Редакција