еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, го киднапирале за да плати наводно украден херион

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело.

За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Станува збор за киднапирање на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил Костадиновски.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

17 новозаразени со Ковид-19 во Куманово, тројца се здравствени работници

Редакција

Четири нови случаи на Ковид-19 во тетовско, 3 во Тетово

Редакција

Детален извештај: Кои компании загадуваат во Скопје, Битола, Струмица, Гостивар и Тетово?

Редакција