еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителот Бубевски побара обвинетите во „Титаник 2“, меѓу кои и Мијалков и Тачи да бидат прогласени за виновни

Обвинителот Гаврил Бубевски побара Сашо Мијалков, Мендух Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК) да бидат прогласени за виновни во случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности.

Како што пренесува А1он, обвинителот посочил отежнувачки и олеснителни околности за секој поединечно. Така, за поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност посочил дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности.

Кај поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, како отежнувачки околности Бубевски ги посочил степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот.

За Мендух Тачи обвинителот посочил дека Судот треба да цени дека како отежнувачка околност се директната умисла поттикнување и околностите, а, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството.

Обвинителот побарал секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Според обвинението на поранешното Специјалното јавно обвинителство, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев.

Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Петровска: Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина

Редакција

Нови 214 на Ковид-19 од 2.133 тестови, 33 се реинфекциии

Редакција

(Фото) Заев со син му Душко возеше „Форвилер“ по Беласица

Редакција