еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1 јули свадби ќе се организираат и во затворен простор до максиумум 250 гости

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

На предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешна јавна понуда на 783.000 акции на „Фруктал Мак“ вредни четири милиони евра

Редакција

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

Редакција

(Фото) Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

Редакција