еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии

Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

Денеска ќе биде извршена исплата на пензии со висина до 11.000 денари, утре вторник ќе бидат исплатени пензиите во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30.12.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, додека во четврток, на 31.10. 2020 година, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник 28 декември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапувањето на струјата нема да биде над 10%, неизвесно дали преку ден ќе има евтина тарифа

Редакција

По најавата за затворање на угостителски објекти, Туристичко-угостителската комора бара итна финансиска помош

Редакција

Од анализите на Министерството за економија зависи дали ќе има други производи со замрзнати цени

Редакција