еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од денеска повторно многу топло време, температурата до 41 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе се движи од 31 до 41 степени. УВ индексот ќе биде 9, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температури во југоисточните подрачја повторно ќе надминат 40 степени.

В среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и в четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот министер за Европа, Рот: Во Македонија се заканува враќање на национализмот и појавување на старите рани и етнички конфликти

Редакција

Цела држава во минусни температури: Во Берово „грч“ студено, измерени минус 16 степени

Редакција

Драги Илинденци извинете што ја упропастивме Македонија

Петре Димитров