еМагазин
Македонија

Од Ковид-19 починаа две жени од Виница и Берово на штипското Инфективно одделение

Две пациентки на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше портпаролот Марина Шуманска.

Двете пациентки, кои починале од компликации од коронавирусот се од Виница и Берово.

На ова одделение има хоспитализирано 50 пациенти, од кои 48 се позитивни, а двајца се сомнителни случаи и за нив се чекаат резултатите од тестирањето.

Во моментов на ова одделение има пет слободни болнички кревети, а притисокот врз ова одделение се намали откако пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, на кои им треба болничко лекување од целиот источен регион. Оваа болница е со капацитет за 25 пациенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 528 случаи на Ковид-19 од 4.323 тестирања

Редакција

Затекнатите граѓани во Дебар вратени од Бошков Мост, не биле тестирани за коронавирусот

Редакција

Заканa за претседателката на Уставен, Кацарска, на нејзиниото паркинг место пронашла импровизиран кревет и нож

Редакција