Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 13 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021.
Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 7.294.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 432 случаи на Ковид-19 од 2.663 тестирања, бројката на активни е 8.334
Убава вест: Оздравени 448 болни од Ковид-19
Фото: МЗ