Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Ковид-19: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г).
Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години.
Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупниот број на починати е 9.220.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 235 оздравени од Ковид-19
Нови 294 случаи на Ковид-19 од 2.430 тестови, 41 се реинфекции
Фото: МЗ