еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починати 15 лица, дополнително пријавени уште четворица

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 15 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (61г, 70г, 85г и 85г), 3 починати од Прилеп (71г, 72г и 82г), 2 починати лица од Битола (84г и 84г) и по едно починато лице од Гостивар (72г), Охрид (81г), Кочани (70г), Свети Николе (79г), Струмица (78г) и Штип (78г).

Од пријавените лица 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и Радовиш (1) на возраст од 72г до 75г.

Пријавените се починати во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 8.285.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 2.019 случаи на Ковид-19, од кои 254 се реинфекции, а две лица се по третпат заразени

Убава вест: Оздравени 973 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту Содома, ниту Гомора по првата „Парада на гордоста“

Редакција

Владата го врати работното време по старо: Моловите ќе работат до 22 часот, а недела е неработен ден

Редакција

Истражување на Владата: 73% од граѓаните не го прележале корона вирусот, 51% планираат да се вакцинираат

Редакција