еМагазин
Македонија

Од Ковид-19 во велешката болница починаа две лица, а на Клиниката „Жан Митрев“ една 62-годишна велешанка

Две лица, 88-годишен маж и 71-годишна жена починаа денеска од последици од коронавирусот во велешката Општа болница.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, поради компликации од коронавирусот починала и пациентка од Велес на 62-годишна вораст која се лекувала во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје од 9 ноември.

Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 74 пациенти, од кои 64 потврдени позитивни, 4 сомнителни и 6 негативни. Дваесет и осум пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение има 48 пациенти, на Физикална 18 и на Интерно 8 пациенти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Регистрирани уште осум оздравени пациенти, вкупната бројка достигна 1.301

Редакција

Повторно раст: Нови 1.396 случаи на Ковид-19 од 11.479 тестирања

Редакција

Утре во Скопје пристигнуваат 20.000 дози вакцини “АстраЗенека“ од Грција

Редакција