еМагазин
Свет

Од недела Италија во портокалова зона поради Ковид-19

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца денеска треба да потпише указ со кој поголемиот дел од државата ќе се најде во портокаловата зона на ризик од инфекција со вирусот Ковид-19, а полицискиот час од 22 до 5 часот наутро останува во сила.

Во црвената зона ќе биде Ломбардија, регионот најпогоден од првиот бран на вирусот, Сицилија и провинцијата Болзано.

Тие правила ќе стапат на сила в недела, а одлуката на Сперанца се заснова на најновите податоци на Министерството и Институтот за јавно здравје.

Новата регулатива предвидува и забрана за патување меѓу региони, освен од деловни и здравствени причини, како и неопходни ситуации, а забраната ќе остане на сила до 15 февруари.

Зонскиот систем значи дека во најризичната, црвена зона, сите ресторани и барови ќе бидат затворени, освен оние што доставуваат храна, а сите продавници што продаваат непрехранбени производи ќе бидат затворени.

Во портокаловата зона, која се смета за зона со среден ризик, продавниците можат да работат, но баровите и рестораните се затворени.

Во умерената, жолта зона, баровите и рестораните можат да бидат отворени до 18:00 часот по локално.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Франција ќе ги награди странските здравствени работници со државјанство поради нивната борба со Ковид-19

Редакција

Како Илон Маск стана најбогатиот човек во светот

Редакција

Русија и Кина заедно против проширување на НАТО

Редакција