ВМРО-Народна партија ги поздравува оние медиуми и општествено политички и активни граѓани кои придонесуваат во смирување на односите со соседна Бугарија, особено после ескалацијата околу 4. февруари, а во интерес на нашиот пат кон европската интеграција, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.
-За жал сеуште има такви медиуми, би ја издвоиле „Алфа ТВ“ која во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари. Реторика која се граничи со шовинизам, велат од ВМРО-НП.
Од партијата бараат телевизијата да не прикажува југословенски филмови.
-Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на „Алфа ТВ“ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ. Го повикуваме Советот за радиодифузија да ја изанализира оваа нескриена цел на оваа таканаречена македонска телевизија, порачуваат од ВМРО-Народна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ВМРО-Народна