еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Од партијата на Љубчо Героргиевски бараат државата да докажала дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистите

Во поглед на се почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб „Ванчо Михајлов“ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти, а во насока на почитување и унапредување на правната држава како еден од столбовите на Македонија прашуваме дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот, а притоа тој доказ да е правно поткрепен и во Македонија, но и во Европа, велат во соопштение од партијата на Љубчо Героргиевски, ВМРО НП.

-Ако во Југославија, но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек.

ВМРО-Народна партија смета дека секое паушално обвинение кое не е правно поткрепено од македонскиот или меѓународниот правен систем само ја зацврстува несериозноста и доведува до низа историски небулози кои пак на крајот завршуваат како монети за поткусурување и алатка за нови поделби во државата, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекршочна постапка за бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, Тупанчевски и Министерството за правда

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок, велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од среда пет дена Пиволенд во Скопје: Кој се ќе настапи

Редакција

Заврши средбата на историската комисија со Бугарија, се дискутирало за средновековната историја

Редакција

Денеска сончево и многу топло со температури до 39 степени и засилен јужен ветер

Редакција