еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Голем раст на случаеви на повторно заразување со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека рапиден раст е детектиран на реинфекции со Ковид-19, во период од 15 август до 22 август.

„Институтот за јавно здравје анализирајќи ја неделната епидемиолошка состојба во државата има детектирано дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на Ковид-19, повторно се заразиле со вирусот.

Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот,“ се вели во анализата.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Од 276 починати од Ковид-19 во последните три недели, 30 биле вакцинирани

Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Таргет-Тврдина“ одложена поради одлучувањето за притворот на Мијалков во Апелација

Редакција

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ одбиле вонреден конгрес: Мицкоски доби легитимитет да остане на чело на партијата

Редакција

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

Редакција