еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од вечерва поројни дождови со засилен ветер

Времето попладне и во ноќните часови ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер, над 70 километри на час.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне, во текот на ноќта и утре претпладне на места во источните делови врнежите ќе бидат поројни, над 35 литри на метар квадратен, проследени со грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Од ноќните часови поради заладувањето на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Во Скопската котлина во текот на денов ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во текот на ноќта и утре претпладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“ направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Редакција

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

Редакција

Ограбена филијала на банка во скопски Аеродром

Редакција