еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од златари во Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево одземени над 10 килограми злато поради незаконско работење 

Одземени се повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) во контроли извршени вчера кај повеќе правни лица на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, констатирале и непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

– При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во  Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато, соопштија денеска од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи биле констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на Србија ја продолжи забраната за извоз на млеко, не важи за Македонија и Албанија

Редакција

(Видео) Египет со ОАЕ ќе гради „нов Дубаи„ на Медитеранот, ќе чини 35 милијарди долари

Редакција

Осудена е на пропаст секоја држава што ја гради иднината врз нелегални документи: Претседателот на МАНУ, Коцарев за договорите со Грција и Бугарија

Редакција