еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Одбиена жалбата: ДИК ќе склучи договор со “Дермалог“ за набавка на уреди за отпечаток од прст

Државната изборна комисија (ДИК), на денешната 12-та седница, наведе дека е одбиена жалбата за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, со што во наредниот период ќе се склучи договор со економскиот оператор за набавка на истите.

– Комисијата пред околу половина час доби известување од Државната комисија за решавање по жалби за јавни набавки, дека жалбата поднесена во постапката за тендерската постапка за набавувањето на уредот на биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст е одбиена.

Што значи дека конечно ДИК како договорен орган има правосилна одлука, односно конечна одлука во постапката. Избран е економскиот оператор и во наредниот период ќе се пристапи кон склучување на договор со истиот за набавка на уредите, наведоа на седницата.

Од ДИК додадоа дека со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.

Наведоа дека првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.

– Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори, посочија од ДИК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската компанија „Дермалог“ избрана за набавка на терминалите за отпечатоци од прсти

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 66 отсто од корисниците не знаат дека можат да ја измерат брзината на интернетот

Редакција

Пратениците од внатрешноста од 1 септември ќе можат да добиваат 500 евра за стан во Скопје

Редакција

Макпетрол откупи сопствени акции

Редакција