еМагазин
Image default
Локално

Одлична вест: Берово доби пешачка и вело-патека

Со поврзување на улиците „Димитар Влахов” и “Борис Кидрич”, Берово доби нова пешачка и вело-патека. Како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски патеката е изградена со средства од буџетот на општината.

-Општина Берово, постојано се труди за подобрување на условите за живот на граѓаните. Во таа насока деновиве е изградена патека со бекатон плочки, како спој на улиците Димитар Влахов и Борис Кидрич, која е често користена пешачка патека од страна на жителите на Општина Берово. Патеката е изградена во должина од 65 метри и широчина од 2,5 метри, а ќе служи како пешачка и велосипедска патека – вели Пекевски.

Додава дека средствата, во износ од 254 илјади денари, се обезбедени од буџетот на Општина Берово за 2018 година. Претходно со изградба на колско-пешачка патека во Берово беа поврзани улиците Братство и Единство и Балканска.

Како што информираа од општината градежните активности во Берово продолжуваат во новата 2019 година.

МИА/Фото: visitberovo.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со детали за пукањето во Маџари

Редакција

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

Редакција

Малолетно девојче се удави во базен во прилепското село Дебреште

Редакција