Не престануваат реакциите во македонската јавност по инцидентот што се случи во „Охис“ при што истекоа неколку тони вода збогатени со метил акрилат мономер, соединение кое може да биде штетно по здравјето на населението.
Граѓаните со право реагираат дека надлежните институции со години наназад го игнорираат и го одложуваат проблемот со потенцијалната еколошка бомба како „Охис“ каде се уште има огромни количини отпадни отровни материи.
Една од нив е депонијата со отровен линдан, која актуелната Влада реши да ја санира дури по притисокот на медиумите и јавноста. Сепак, прашање е колку ќе биде ефективно отстранувањето на овој отров и на другите опасни хемиски супстанци кои со години „дремат“ во „Охис“.
Имено, поради огромниот временски интервал од десетици години голема е веројатноста овие отрови преку разградување и подземните води да се раширени во околината и без сериозни и континуирани истражувања никој точно не може да знае до каде се не се стигнати овие опасни материи.
Интересно е што инцидентот во „Охис“ се случи речиси истовремено со објавата дека општина Кисела Вода планира изградба на 100 нови згради. Неизбежно е прашањето кој нормален би посакал да купи стан во населба која во соседството има потенцијална еколошка бомба како што е „Охис“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Макрадули ги уверува жителите на Кисела Вода дека нема опасност од инцидентот во „Охис“
Министерство за животна средина: Течноста во „Охис“ е собрана, нема простор за паника
Сите детали: Што се случи во „Охис“?
Фото: 360 степени