еМагазин
Image default
Локално

Охриѓанка барана со меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање“ уапсена на албанско-македонската граница

Граничната полиција на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско –македонската граница, уапсила македонска државјанка барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти.

„Благодарение на соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Осло, Норвешка и граничната полиција, уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, Северна Македонија, заради екстрадиција во Норвешка.

Службите на граничната полициска станица Тушемиште, на влезот во Република Албанија, при контрола на документите утврдија дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за охриѓанката била распишана меѓународна потерница поради „семејно насилство и киднапирање“ и оти Интерпол Тирана ја продолжува постапката за нејзина екстрадиција во Норвешка.

МИА/Фото: Photo by niu niu on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец нападнал полицајци кај „Три чешми“

Редакција

Зачестени пожари во земјава: Гореа куќи и депонија

Редакција

Жена нападнала полицајка на скопскиот аеродром

Редакција