Оилко КДА Скопје во периодот јануари – јуни 2023 година оствари вкупни приходи во висина од 307,31 милиони денари и кај истите има 20,04% зголемување споредбено со истиот период од 2022 година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 93,95% имаат приходите од домашен транспорт на деривати кои во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 23%.
Во периодот јануари-јуни 2023 година Друштвото оствари вкупни расходи во висина од 233,63 милиони денари и кај истите има 3,4% зголемување споредбено со истиот период од 2022 година.
Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 35,17% имаат расходите за трошоци за вработени, кои во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат зголемување од 13%.
Друштвото заклучно со 30.06.2023 година оствари добивка по оданочување во висина од 65,88 милиони денари и истата е зголемена за 147% во однос на истиот период од 2022 година.
Ваквиот резултат се должи на зголемување на приходите од транспорт на деривати на домашниот пазар и истовремено незначително зголемување на оперативните расходи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оилко ќе дели дивиденда од 600 денари бруто по акција
Оилко со добивка во првите шест месеци
Фото: Оилко