еМагазин
Image default
Свет

ОН: Над два милиона луѓе ја напуштија Венецуела поради недостиг на храна и лекови

Околу 2,3 милиони Венецуелци ја напуштија земјата погодена од политичка и хуманитарна криза поради недостиг на прехранбени производи и лекови, изјави портпаролот на Обединети нации, Стефан Дижари.

Тие се сместени во други јужноамерикански држави како Колумбија, Еквадор, Перу и Бразил.

– Како основна причина за заминувањето од Венецуела тие го посочија недостигот на храна, посочи Дижари.

Приближно 1,3 милиони луѓе во Венецуела се соочуваат со недостиг на храна, а повеќе од 100.000 носители на вирусот ХИВ/СИДА се во опасност поради што немаат пристап до лекување.

Во земјата повторно се појавија исчезнатите болести како ситни сипаници, маларија, туберколоза и дифтерија.

Според експертот за миргација Томас Паес Браво, откако поранешниот претседател Уго Чавез дојде на власт во 1999 година околу три милиони луѓе заминале од Венецуела. Според венецуелската опозиција нивниот број е речиси четири милиони.

МИА/Фото: HumanRightsWatch

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талевска од Мелбурн за пожарите: Terra Australis (Непознатата земја) чекори кон непознатото

Редакција

Студија: Заразените со Ковид-19 без симптоми имаат 42% помали шанси да го пренесат вирусот

Редакција

Германија ја промени одлуката за „АстраЗенека“: Нема ограничување на возраста, може да се вакцинираат сите

Редакција