еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

ОН: Позагаден воздухот, поголема смртност од Ковид-19

Глобалното загадување на воздухот и емисиите на штетни гасови се во корелација со глобалната стапка на смртност од Ковид-19 – се наведува во денеска објавениот извештај на Обединетите нации (ОН) за влијанието на пандемијата на коронавирусот врз најголемите градови во светот.

„Постојат докази дека загубата на квалитет на воздухот е во корелација со повисоките стапки на смртност од Ковид-19“, се наведува во извештајот, истакнувајќи дека загадувањето на воздухот и емисиите на штетни гасови значително се опаднати во екот на пандемијата, пренесува Тасс.

„Меѓутоа, се додава во извештајот, тоа што е стекнато во однос на животната средина може да биде привремено доколку градовите повторно се отворат без политики насочени кон спречување на загадувањето на воздухот и промовирање на намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот истакнува дека е неопходно да се следат принципите на еколошко засилување, еластичност и инклузивно економско закрепнување.

„Многу градови изградија нови велосипедски патеки и пешачки зони, со што повторно го ставаат на располагање јавниот простор и ја подобруваат подвижноста, безбедноста и квалитетот на воздухот“, додаде Гутерес.

– Со фокусирањето на високата трансформација на животната средина и создавањето работни места, пакетите за поттикување можат растот да го насочат кон ниската емисија на јаглерод диоксид и отпорноста и да ги унапредат целите за одржлив развој, рече Гутереш.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загадувањето на воздухот поопасно од Ковид-19, за две години го намалува животниот век

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каде ќе се чуваат вакцините за Ковид-19: Обезбедени фрижидери до -20 степени, тие до -70 ќе стигнат во јануари

Редакција

Централна кооперативна банка со добивка во првиот квартал

Редакција

Аларм: Во Куманово кумулативната инциденца 165,4, во Дебар 176,5

Редакција