еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Обединети нации: Русија веднаш да го врати Крим

Советот за безбедност на Обединети нации изгласа резолуција со која се бара повлекување на руските војници од Крим и „без одложување да стави крај на привремената окупација на украинската територија“.

Од 193 земји-членки на ОН, 63 гласаа „за“, 17 се изјаснија „против“, а 62 беа „воздржани“.

Резолуцијата не е правно обврзувачка, но е одраз на светското мислење односно поддршка пружија западните земји и нивните сојузници, додека на руска страна беа државите како Кина, Куба, Венецуела, Иран и Сирија.

Русија испрати трупи на Крим и го анектира полуостровот во 2014 година и го поддржа населението во Источна Украина за отцепување од државата. Во судирите загинаа околу 14.000 луѓе, а од јули во сила е прекин на огнот.

Со Резолуцијата се „осудува руската окупација на Крим и Севастопољ“, потенцирајќи дека „не ја признава руската анексија на Крим со сила и со кршење на меѓународниот закон“.

МИА/Фото: cgsrs.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како изгледаше прогласувањето на независност: Што порачаа Црвенковски, Андов, Ѕинго, Глигоров…

Редакција

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар АСНОМ вреден 822.000 евра

Редакција

Утре почнува грејната сезона, последен апел до потрошувачите за проверка на грејните тела

Редакција