еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Опасниот отпад од ОХИС преточен во нова цистерна, ќе се носи за Германија

Извршено е безбедно преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот кој што се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс ОХИС и следува фаза на транспортирање во Германија, најавува Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје, и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина соопшти.

– Активноста ја реализираше компанијата „CURIUM“ од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана во преточување на ваков вид опасен отпад. Во периодот на реализација на активноста беа запазени сите безбедносни прописи.

Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите потребни документи, а се очекуваат точните датуми на транзит на цистерната со опасен отпад низ од државите до конечната дестинација- Германија, информираат денеска од МЖСПП.

Според ресорното Министерство, до 2 март годинава се реализирани три од вкупно пет планирани извози на опасен отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт.

Досега се извезени 55 од 80 тони опасен отпад кој веќе е пристигнат и предаден во Валорек Сервисис АГ Базел, инсенератор во Швајцарија каде што на безбеден начин ќе се уништи.

Останатите количини на хемиските супстанции, наведуваат од Министерството, се безбедно спакувани во соодветна амбалажа и се очекува во текот на наредните две недели успешно да се транспортираат и извезат од земјата.

– По завршувањето и на последната активност за преточување и соодветно пакување на винилхлорид мономер, како и негов извоз во Германија, во компанијата „SUEZ“ (Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), која поседува дозвола за горење опасен отпад, ќе бидат реализирани сите активности предвидени со проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје”, спроведуван од компанијата Екоцентар 97 ДООЕЛ, Скопје, соопшти МЖСПП.

Фото: МЖСПП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Активисти: „Борбата“ против загадувањето во Кавадарци најмногу се води околу мерните станици

Редакција

Европскиот парламент повикува на национален консензус во Македонија за евроинтеграциите

Редакција

Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот

Редакција