На 17.03.2019 околу 04.30 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, во автосервис настанал пожар во кој биле зафатени патничко возило „БМВ “, сопственост на О.Т.С.(27) и патнички возила „Шкода Фабија“ и „Фолксваген Фургон“, двете сопственост на приватна фирма, кои биле делумно опожарени, информира МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипи од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен е увид.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.