Во врска со денешната несреќа која се случи во Општина Чаир каде што загинаа двајца браќа при ископ на земјиште, од Општината информираат дека на местото на настанот, веднаш излегол Инспекторатот, за да ја потврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот.
„Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – сабота“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за несреќата во Чаир: И таткото на загинатите браќа бил на местото каде се вршел ископот
Лизгање на земјиште предизвика несреќа: Двајца браќа загинаа во Чаир
Фото: Општина Чаир