еМагазин
Image default
Македонија

Општина Неготино ќе исплаќа 7.000 денари надомест за секое новородено дете

На предлог на градоначалникот на Општина Неготино, Горан Стојанов, врз основа на Законот за локална самоуправа и Стаутот на општината, советниците во Советот на Општина Неготино ја усвоија одлуката за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во Општина Неготино, информираа денеска од општинската Служба за односи со јавност.

-Со одлуката, Општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на Општина Неготино, ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете.

Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од буџетот на Општина Неготино за 2021 година, како помош за новороденчиња.

За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рангелова: Ни треба проатлантски ориентирано ВМРО-ДПМНЕ, а не изолација

Редакција

Почувствуван земјотрес во југозападните делови на државата

Редакција

А1он: „Пајакот“ нема кривично да одговара за нападот на полицајката

Редакција