Влатко Ѓорчев денеска на прес-конференција објави дека ќе се кандидира за претседател на државата.
– Објавувам и кажувам дека ќе се кандидирам за претседател. Имам искуство, мотивација, знаење, чесност и лојалност, рече Ѓорчев на прес-конференција во Собранието на Република Македонија.
Додаде дека сега бил мотивиран повеќе од кога било и истакна дека не се плаши од противкандидатот на СДСМ.
– Директно им велам на сите кандидати од СДСМ на 21 април Ве чекам јас, но и најмалку 500 илјади граѓани на Република Македонија да ја вратиме надежда на Македонија, рече Ѓорчев, додавајќи дека е подготвен да се вложи со целото негово битие и знаење.
МИА/Фото: Фејсбук/Ѓорчев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Влатко Ѓорчев, првиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за преседател на државата
СДСМ со реакција за кандидатурата на Ѓорчев: Со години молчеше за криминалите на Груевски
За што се подготвува Влатко Ѓорчев?