еМагазин
Image default
Македонија

Ѓорги Спасов: Каде греши “Беса”на Касами

Политичкиот аналитичар Ѓорги Спасов на својот Фејсбук профил, ги анализира последните случувања во врска со обезбедувањето на потребното мнозинство за финалното гласање на уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа.

“Опседанти со својат моќ да го срушат договорот од Преспа, Касами и неговите подржувачи ја држат целата нација во грч до последниот момент.

Спремни биле да го срушат договорот, ако сега веднаш не се промени Уставот и не им се гарантираат права на Албанците за јазикот кои не се гарантирани со Охридскиот рамковен договор кој го потпишаа и чие спроведување и почитување го гарантираат САД и ЕУ.

Тоа може да значи дека според нив, само ако Македонија остане надвор од САД и од ЕУ тие имаат поголеми шанси да ги остварат правата на Албанците, или дека за нив е ова најидеалната прилика со класична уцена да изборат некое право.

Но тоа и не е најзагрижувачкото.

Македонија водеше еден тежок преговарачки процес со Грција во кој се решаваа и идентитетски прашања за Македонците и за сите граѓани на Македонија. За да се потврди дека со промената на името во Северна Македонија не стануваме како граѓани Северно Македонци договорено е во графата државјанство да стои “Државјанство на Северна Македонија/Македонско”.

Тоа е признание од грчка страна дека имаме право да ја користиме придавката македонско не само за јазикот, не само за етничкото потекло на нацијата, туку и за се што доаѓа од државата Северна Македонија во светот. И тоа е клучната придобивка за нас од тој договор со Грција.

Сега Касами иако веројатно свесен за тоа колку е тоа важно и чуствително прашање излегува со амандман во кој бара на документите од граѓаните со друга етничка припадност кои живеат во Македонија во графата државјанство да стои само Република Северна Македонија без она македонско.

Со други зборови. Ако таа придавка се користи како обележје и за државјанство на Албанците од Македонија во нивните лични карти и во пасошите, таа го загрозувала нивниот етнички идентитет.

Но Беса на Касами не сака во овој момент да разбере колку е таа придавка во државјанството важна за постигнување согласност околу договорот и амандманите и дека со неа не им се загрозува етничката посебност на Албанците, туку се испраќа порака во светот дека сите граѓани од Северна Македонија имаат македонско државјанство, а не северно македонско како што граѓаните од Албанија имаат албанско државјанство, а граѓаните од Косово косовско.

Иако на Касами и на двајцата пратеници од неговата партија ова им се чини само како борба за уште едно индивидуално човеково или колективно право, тоа во овој момент кај голем дел од Македонците и други граѓани од Македонија се сфаќа како ставање клин во битката за зачувување на македонскиот идентитет, дури и преку оспорувањето придавката македонско државјанство да важи за сите државјани на Македонија и создавање препоставки за ова изборено право со преспанскиот договор и други да почнат да го оспоруваат.

Но како вели народот. Пријателите во мака се препознаваат“, пишува Спасов.

Фото: Фејсбук/Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами демек голем фраер

Сакаат ли Села и Касами да бидат обележани како главна пречка за влез на Македонија во НАТО?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонската и црногорската влада ја одржаа првата заедничка седница

Редакција

Продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Заев се уште го држи оптимизмот дека Груевски ќе биде екстрадиран

Редакција