еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи да врши притисок за да се обезбедат што е можно повеќе резолуции за заштита на македонскиот јазик, како таа во германскиот парламент. Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите, запрашан како ја коментира резолуцијата донесена во германскиот парламент за заштита на македонскиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот Бундестаг усвои резолуција: Македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ

– Секоја таква резолуција е добредојдена, ја прегрнуваме. Очекуваме такви резолуции и од други наши стратешки партнери во периодот што следува. Тоа не е, би рекол, ниту пет проценти од она што овој народ го заслужува. Овој народ заслужува фер шанса, каква што имале сите народи што пристапувале кон Европската Унија.

А тоа е, без условување, без отстапки по националниот идентитет, да може да покажеме колку знаеме и колку вредиме, во еден нормален процес на преговори да станеме земја членка на Европската Унија, нагласи Мицкоски, кој присуствуваше на одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 младинци во кавадаречкото село Ваташа.

Во контекст на актуелните полтички случувања во земјава околку уставните измени, Мицкоски го повика премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачески да се соочат на ТВ дуел.

– Ковачевски се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност на ТВ дуел, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не може да постави нови услови, преговарачката рамка е затворена и не може да ја отвораат ниту македонската, ниту бугарската опозиција, тврди Османи

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Бујар Османи дека по уставните измени, Бугарија нема повеќе да не блокира, Мицкоски рече дека за да коментира Османи треба да има кредибилитет.

Мицкоски му порача на Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи, да земе пример од свој колега министер и „да дојде на споменикот на 12 стрелани младинци од Ваташа во 1943 година и да клекне и да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна”.

– Тогаш можеме да седнеме да размислуваме за било какво простување, нагласи Мицкоски, појаснувајќи дека такво нешто имал направено германски министер, клекнал и се извинил за тоа што го правеле германските фашисти во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Прекрасна изведба на “Ми заплакало селото Ваташа/Цветови“ за 80 годишнината од убиството на 12. Ваташки младинци

МИА/Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледаше настапот на Васил Гарванлиев на Евровизија

Редакција

Почнува полагањето државна матура за 15.899 кандидати

Редакција

И Словенија ќе ја признае Палестина

Редакција