еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании, информираат од генцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Иницијативата за отпочнување на соработка за доделување стипендии на студенти со висок просек, посетување на пракса и можност за вработување во осигурителните компании произлезе од меморандумот за соработка склучен на денот на осигурувањето чиј иницијатор беше АСО.

По тој повод денеска директори и членови на управните одбори на десет осигурителни компании ги доделија договорите за стипендии на овие студенти запишани во четврта година на Економскиот факултет при УКИМ.

По двајца студенти со просечна оценка еднаква или повисока од 9 ќе стипендираат „Кроација осигурување – неживот“ и „Кроација осигурување“. По еден студент, со просек еднаков или повисок од 9, ќе стипендираат друштвата: „Еуролинк“, „Триглав осигурување“, „Сава осигурување“, „Граве“, „Триглав осигурување живот“, „Еуроинс осигурување“, Граве неживот“ и „Халк осигурување“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Јавна соба под мотото „Ментална хигиена“ се отвара Скопската недела на дизајн

Редакција

НЛБ Банка со донација за поддршка на акциите за гаснење на пожарите во земјата

Редакција

За 24 часа собрани средствата за тригодишната Срна

Редакција