На петтиот редовен состанок на Генералниот совет на владејачката ДУИ, за нов потпретседател на ДУИ е назначен Бујар Османи, информираат од таму.
Собранието назначило и тројца нови членови на претседателството, пополнувајќи ги испразнетите места од лицата што ја напуштиле партијата. Новоименуваните членови се Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали. Билали како секретар ќе го води Секторот за родова еднаквост.
На состанокот, како што информираат од таму се зборувало и за односите на другите политички групации кон ДУИ.
Претседателот Али Ахмети се осврнал на загриженоста од создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ, а тој и Генералниот совет го осудиле нападот врз првиот вицепремиер Артан Груби, карактеризирајќи го истиот како напад врз ДУИ, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крие ли Груби имот: Какво возило пријавил во неговиот анкетен лист
Фото: ДУИ