еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи: Протоколот ќе го објавиме пред да биде потпишан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за ТВ24 изјави дека Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред да биде потпишан.

Според Османи, во него, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, а според него и Бугарите биле незадоволни од предложениот компромис.

„Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници, единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите.

Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа“, рече Османи, кој е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени, иако партијата најавува дека нема да го стори тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контроверзниот Протокол со Бугарија нема да го видиме додека не се потпише

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Редакција

ДУИ имаше седница на Централното претседателство, барањата на „Огнената група“ не биле на дневен ред

Редакција

Случај „Таргет-Тврдина“: Грујовски му пратил закана на Лазаревски дека ќе ми го пресечел гркланот

Редакција