Во Кичево денеска се регистрирани осум нови случаи на лица позитивни со коронавирусот, и едно лице кое ја победило болеста.
Според податоците од Министерството за здраство вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 80, од кои 68 се активни, 11 се излекувани и едно лице починало.
-Новозаболените се во добра општа здравствена состојба. Седум од нив се лекуваат во домашни услови и се во изолација и под контрола на нивните матичните лекари, едно лице е на болничко лекување во Битола.
За среќа денеска имаме и едно излекувано лице во Кичево, рече Д-р Станко Трпески, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции.
МИА/Фото: Општина Кичево
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест новозаболени од Ковид-19 во Куманово, двајца во Липково
Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19?
Починаа уште тројца од корона вирусот, меѓу кои и 42-годишен пациент