еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осумдневен притвор за професорот од Струга, кој со метален предмет претепа ученик

Струшкото Обвинителство му одреди осумдневен притвор на 57-годишниот професор по англиски јазик од гимназијата „Ибрахим Темо“ во Струга, кој вчера физичка нападна ученик и му нанесе повреди на главата.

„Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежен јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на Обвинителство и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена,“ информираа од ОЈО Струга.

Претходно средношколците од гимназијата „Ибраим Темо“ ја бојкотираа наставата и со мирен протест пред Основниот суд во Струга побараа притвор за професорот.

Инцидентот се случил вчера околу 13:30 часот, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија каде било сошиено, а професорот бил приведен.

Според директорката на средното училиште „Ибраим Темо“, Бесиме Јонузи, се работело за проблематичен професор, против кој неколку пати биле поведувани дисциплински постапки и бил пријавуван во надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Редакција

Општина Бутел склучи договор со фабриката Карпош вреден 1,6 милион евра

Редакција

Претседателот на МАНУ, Коцарев ги повика сите пратеници да кажат не на уставните измени

Редакција