еМагазин
Image default
Македонија

Освен во Тетово, заболени од коронавирусот и во Теарце, Брвеница, Боговиње, Желино и во карантин на Попова Шапка

Од 29 заболени од коронавирусот во тетовскиот регион, 16 се од Тетово, информираше Кризниот штаб при општината.

– Во општина Теарце има пет заболени, во општина Брвеница четири, во општина Боговиње два (од кои еден починат), во општина Желино еден и еден од Радовиш. кој е во карантин на Попова Шапка.

Во следните две седмици се очекува да се зголеми бројот на заразени лица и да ја достигне кулминацијата на оваа пандемија во регионот.

Клиничката болница во Тетово го потврди ставот дека тие се целосно подготвени со опрема и здравствени средства за да им служат на граѓаните во случај на поголемо ширење на вирусот во периодот кој следи, стои во соопштението на Кризниот штаб при СВР Тетово.

Од Кризниот штаб велат дека општинските служби и вработени при ЈКП Тетово и Територијалната единица противпожарна единица, постојано вршат миење и дезинфекција на улиците, јавни места и влезовите на местата за живеење.

Дезинфекцијата се врши со континуиран и непрекинат начин, низ сите населби, улици и јавните места на територијата на општина Тетово.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет нови заразени од корона вирусот во Прилеп и први два случаи во Крушево

На Инфективна примено двегодишно дете заразено од корона вирусот, капацитетите речиси пополнети

Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за командир и двајца затворски полицајци за бегството на Беким Мемети

Редакција

ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак за да се намали нивото на Вардар

Редакција

Можно е одложување на почетокот на пописот, заради вакцинирање на попишувачите

Редакција