еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Отец Пимен: „Kако тоа сите толку многу ја сакаме Македонија, а толку многу се мразиме како Македонци меѓусебно“

Митрополит на Европската епархија на МПЦ-ОА, владиката Пимен ја честиташе независноста на државата, со порака, која секоја година ја повторува.

„И што ново да кажам за Македонија и Македонците и на овој јубилеен роденден освен да повторам.

Да повторам дека додека славиме денес, убаво би било да размислиме како тоа сите толку многу ја сакаме Македонија, а толку многу се мразиме како Македонци меѓусебно.

Да се сетиме дека посакувајќи му зло на другиот, Македонија нема да стане поубаво, туку попразно место за живеење.

И кога ќе се впуштиме повторно во она судење кој има, а кој нема право да се нарекува Македонец и да слави и честита ден на независност, не заборавајте дека националното чувство е лична определба, а не одлука на некоја патриотска комисија која треба да издава сертификати за подобност да се биде голем или мал Македонец или воопшто да се биде Македонец.

Честит и вековит да ни биде овој ден! Биди ми вечна татковино, биди ми вечна Македонијо!,“ напиша отец Пимен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Џамбазов во негов стил честита независност: „Време ти е за мажење, ама не го прави тоа, не те бива за потпишување договори“

Фото: Фејсбук/Пимен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска присуствуваа на „Галичка свадба“

Редакција

Филипче најверојатно ќе одмара во Грција

Редакција

Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува од средината на октомври, годинава набавена за 50 проценти поголема количина

Редакција