еМагазин
Image default
Бизнис

Отворен повик за 15-то издание на проектот Лидер: Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Македонија2025 го објави отворениот повик за проектот Лидер, кој по 15-ти пат ќе се одржи од 8-ти до 19-ти мај 2023 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година.

Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за социјален и економски општествен развој.

„Преку интерактивни методи на учење со „студии на случаи“, учесниците ќе имаат можност да се стекнат со корисни дополнителни знаења и вештини за секоја фаза од развој на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој, како и целосно да го развијат чувството за бизнис.

По завршување на предавањата, учесниците ќе имаат можност за индивидуална менторска сесија со некој од инструкторите од „Ivey“ школата и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

На повикот може да се пријават учесници до 35 години – претприемачи, менаџери, сопственици на компанија, млади професионалци од бизнис сферата и сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од областа на бизнисот и претприемништвото,“ се вели во соопштението.

Инструкторите на проектот Лидер доаѓаат од канадската Ivey School of Business, а на пријавените кандидати ќе им помогнат  да воведат новитети во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис или пак да ги претворат своите идеи во успешни бизниси на пазарот.

Повикот е отворен до 20-ти март 2023 година. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање ќе најдете на официјалниот отворен повик достапен ТУКА.

За сите дополнителни прашања контактирајте нè на [email protected].

За Македонија2025

Македонија2025 е меѓународна, независна, непартиска, непрофитна организација. Остануваме посветени на нашата мисија да помогнеме во создавањето на просперитетна економска клима во земјата и „посилна нација”, која ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори. Промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството базирано на вредности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа должници на УЈП

Редакција

НЛБ банка со нова можност за одложување на отплатата на кредитните обврски за физички лица

Редакција

И италијанскиот ланец на супермаркети Conad најавува влез во Македонија

Редакција