еМагазин
Image default
Бизнис

Отворена платформа преку која германски компании-купувачи бараат македонски добавувачи

Пристап и организација на Б2Б-состаноци со огромен број германски компании-купувачи кои се во потрага по нови компании-добавувачи, овозможува платформата „AHK Industrial Suppliers Forum“, информираат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Како што вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, платформата е поставена првпат оваа година, во соработка со неколку германски стопански комори, под раководство и иницијатива на германската стопанска комора во Полска.

Рокот за пријавување е до 31 октомври 2021 на ahk-isf.eu.

-Целта на оваа заедничка иницијатива е поврзување на компании-добавувачи од Северна Македонија со компании-купувачи и деловни партнери од Германија. Новонастанатата ситуација на светскиот пазар бара од компаниите-добавувачи нова хармонизација на деловната и логистичката инфраструктура.

Според истражувањето на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK) од 2020 година, скоро 60 отсто од индустриските компании од Германија бараат нови добавувачи од Европа, нагласува Мартенс.

Тој објаснува дека во рамки на AHK Industrial Suppliers Forum, се бараат добавувачи од секторите: обработка на метали, обработка на пластика, автоматизација, електронски компоненти, машински делови и ИКТ-решенија за индустријата.

-AHK Industrial Suppliers Forum нуди многу предности: одлична видливост и пристап до нови клиенти, директен пристап до тековните барања на клиентите и автоматско „поврзување“, односно автоматско пребарување според поставените параметри на добавувачи и купувачи, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство.

Industrial Suppliers Forum е заедничка кампања на неколку Германски стопански комори во странство (AHK) од Европа, со цел да се поедностави потрагата по нови добавувачи и да се забрза развојот на бизнисот.

Мартнес информира и дека две училишта, „Киро Спанџов-Брко“ Кавадарци и „Св. Наум Охридски“ Охрид, кои во соработка со компаниите „Костал“, „ЛТХ Леарница“ и „ОДВ-Електрик“ спроведуваат дуално образование по германски модел, се добитници на грантови од 600.000 евра преку Регионалниот фонд на предизвици од Германската банка за обнова и развој – KfW.

Грантовите ќе им овозможат на стручните училишта да инвестираат во нова опрема и машини за изведување практична настава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Редакција

Од 60 на 150 дена продолжен рокот за операторите за пререгистрација на програмските сервиси што ги реемитуваат

Редакција

Меѓународна ИТ компанија Scalefocus во Македонија ќе вработи повеќе од 300 инженери

Редакција